Фото: safa.net

ВИДЕО | Мексико убедливо против Чешка, Јужна Африка обезбеди пласман во нокаут фазата

Исходот од последното коло во групата А на Светското фудбалско првенство донесе потврда за пласманот на Мексико во нокаут фазата и голема радост за репрезентацијата на Јужна Африка.

Мексиканците ја оправдаа својата улога на фаворити и убедливо ја победија Чешка со резултат од 3:0, додека Јужна Африка го обезбеди второто место и пласманот во нокаут фазата на натпреварувањето со минимална победа над Јужна Кореја (1:0).

Чешка влезе во дуелот со Мексико свесна дека им е потребна победа за да остане во игра, но не успеа да најде пат до мрежата. По изедначеното прво полувреме, Мексико покажа поголем квалитет во остатокот од натпреварот. Луис Чавез во 55 минута му донесе водство на својот тим, Хулијан Кињонес набрзо зголеми на 2:0 во 61 минута, а Алваро Фидалго го зголеми резултатот на 3:0 во последните минути од натпреварот (90+4`).

Многу поголема неизвесност имаше на мечот помеѓу Јужна Кореја и Јужна Африка. Корејците имаа иницијатива и неколку добри шанси, но без реализација.

Казната дојде во второто полувреме кога Тапело Масеко ја искористи една од ретките сериозни можности на својот тим и постигна гол за резултат од 1:0 во 63 минута. Тој погодок беше доволен за Јужна Африка да обезбеди голема победа и пласман меѓу 32 најдобри селекции на Мундијалот.

Мексико ја заврши групната фаза на првото место, Јужна Африка се пласираше како втора, додека Јужна Кореја, со три бода, ќе мора да почека и го чека исходот од другите групи и евентуално да се пласира понатаму меѓу најдобрите третопласирани репрезентации. Чешка, од друга страна, заврши последна во групата А.

Светско првенство 2026

Група А

3 коло, резултати:

Чешка – Мексико 0:3
Јужна Африка – Јужна Кореја 1:0

Конечна табела:

1. Мексико 9 бодови
2. Јужна Африка 4
3. Јужна Кореја 3
4. Чешка 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот