Сергеј Барбарез Фото: Инстаграм/Сергеј Барбарез

Барбарез по пласманот на БиХ во нокаут фазата: Ќе славиме седум дена кога ќе се вратиме

Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез беше многу емотив по победата на својата селекција над Катар и пласманот во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство.

„Дојдовме како целосни аутсајдери за да се обидеме да направиме нешто големо и успеавме. Секогаш има работи што не се онакви какви што очекувавме. Секако, ќе беше идеално да одигравме совршен натпревар со Катар и да победиме со четири или пет гола разлика, но дури и ова е одлично“, изјави Барбарез.

Познато е колку заработи БиХ со пласманот во нокаут фазата на Светското првенство

 

Покрај историскиот триумф, натпреварот со Катар ќе се памети најмногу по мајсторијата на Керим Алајбеговиќ .

„Кога имате 18-годишно голобрадо момче,  тогаш гледате какви можности има. Најтешко е да се совлада таков човек. Треба да му се даде вистинскиот момент за игра, и тој тоа го доби. Тоа е голем товар за него, но затоа сум тука. Се обидуваме да направиме сè со него во вистинско време и да го тргнеме притисокот од него. Убеден сум дека оваа репрезентација штотуку го започнува своето патување и дека следните првенства ќе бидат нивни“, вели Барбарез.

Без разлика како ќе заврши следниот натпревар, БиХ постигна голем усех, а според Барбарез, тој ќе знае како да го прослави успешниот настап на Мундијалот.

„Добив неколку снимки од Мостар. За жал, сега не сме со нив, но се надевам дека ќе заштедат малку енергија за да слават кога ќе се вратиме. Барем седум ден“, заклучи Барбарез.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Процветаа лилјаните во САД, Очоа се израмни со Роналдо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот