Пријателство на Мет и октопод - Фото: Инстаграм/mattintransit

ВИДЕО | Маж се спријатели со див октопод на Кипар – нивната дружба воодушеви многумина

Октоподите се паметни и често пријателски расположени суштества. Познато е како се зближуваат со научници, грабаат камери, па дури и како се „возат“ на грбот на други морски животни. Сепак, маж по име Мет Хајат изгледа имал среќа да се запознае со еден од најслатките октоподи на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Hyatt🗿🚐 (@mattintransit)

За време на едно патување во Кипар, Хајат отишол да нурка во близина на плажата. Таму забележал „карпа со необичен изглед“. Откако се доближил да ја види подобро, сфатил дека всушност станува збор за октопод, по што започнало едно уникатно пријателство.

Инспириран од документарниот филм „Мојот учител октоподот“ (My Octopus Teacher), во кој јужноафриканскиот режисер Крег Фостер се спријателува со еден октопод, Хајат одлучил да проба да го постигне истото. Првиот ден поминал без некои посебни промени, октоподот срамежливо се криел во својот подводен дом откако бил откриен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Hyatt🗿🚐 (@mattintransit)


Но, откако му дал малку ракчиња, октопододот почнал да му верува. Тој почнал да излегува од својата пештера за да го поздрави Хајат и ги подавал своите пипала кон неговите раце секој пат кога тој ќе пристигнел.

„Одев долу секој ден, понекогаш и двапати дневно, полека градејќи ја таа доверба меѓу нас. Тој ќе се подадеше, ќе ме допреше, па ќе се повлечеше. Јас го правев истото, сè до моментот кога ќе препливав над неговото мало дувло, ќе ја подадев раката надолу, а тој ќе испливаше сè до мене, ќе дојдеше на само еден сантиметар до допир и потоа брзо ќе се вратеше во својата дупка.

Чувството да доживееш диво животно да сака да комуницира со тебе и да оди против сите свои инстинкти е нешто што тешко можам да го опишам со зборови“, вели тој во едно видео на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Hyatt🗿🚐 (@mattintransit)

За жал, нивното пријателство набрзо наишло на пречки. Октоподот, кого Хајат го нарекол „Малкиот пријател“, изгледа бил избркан од својата пештера од страна на еден поголем октопод. Иако Хајат се обидел да се спријатели и со него, новодојденецот бил прилично погруб во контактот. Дополнителен проблем биле и пеликаните кои се појавиле во близина, што уште повеќе го исплашиле морскиот пријател на Хајат.

Но, разделбата ја направила нивната повторна средба уште поемотивна. Малечкиот пријател веднаш излегол да го поздрави Хајат, па дури и го одвел до својот нов дом. За жал, по 23 дена од нивното прво запознавање, времето на Хајат во Кипар завршило, со што дошол и крајот на оваа приказна. Сепак, пријателството со октоподот е нешто што Хајат, како што вели, никогаш нема да го заборави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Hyatt🗿🚐 (@mattintransit)

„Чувството што ми го даде оваа интеракција со мојот мал пријател е нешто што немам почуствувано никогаш претходно. Тоа е толку магичен момент, да бидеш под вода во еден сосема туѓ свет, а едно диво животно да сака да комуницира со тебе, да се подава кон тебе додека си на површината и како да бара да те допре. Неверојатно е“, заклучува Хајат.

ВИДЕО | Откриен е нов вид октопод, кој ги воодушеви дури и експертите — мал, син и „како од цртан филм“

ВИДЕО: Не си играјте во морето, октопод ќе задавеше нуркач

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот