Фото: Pexels

Водењето љубов наутро има здравствени придобивки — еве зошто да го почнете денот со оваа активност

Сексуалната активност наутро не е само пријатен начин да се започне денот, туку може да има и значителни придобивки за физичкото и менталното здравје. Тоа го тврди докторката и експерт за сексуално здравје Фарзана Кан, која наведува дека утринскиот секс може да помогне во намалување на крвниот притисок, справување со стресот, подобрување на меморијата и зајакнување на имунитетот.

„Општо земено, сексот е исклучително корисен за кардиоваскуларното здравје, менталната состојба и квалитетот на партнерската врска. Докажано е дека го намалува крвниот притисок, стресот и анксиозноста, а истовремено придонесува за посилен имунолошки систем“, вели д-р Кан.

Може да придонесе за поздраво срце

Високиот крвен притисок е еден од најголемите ризик-фактори за срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар. Според експертите, сексуалната активност може да помогне во негово намалување.

За време на сексуалната возбуда се забрзува работата на срцето, а пулсот достигнува највисоки вредности во моментот на оргазам. Ова претставува вид физичка активност што позитивно влијае врз кардиоваскуларниот систем.

Истражувањата покажале и дека кај мажите редовниот сексуален живот е поврзан со помал ризик од срцеви заболувања, а некои студии укажуваат и на можно намалување на ризикот од рак на простата.

Ги намалува стресот и анксиозноста

Стресот може да предизвика главоболки, несоница, хронична анксиозност и други здравствени проблеми. Според д-р Кан, утринскиот секс може да помогне во намалување на овие состојби благодарение на хормоналните промени што се случуваат во организмот.

Во утринските часови нивото на тестостерон и естроген природно е повисоко, а сексуалната активност дополнително го поттикнува лачењето на хормоните на среќата – окситоцин и допамин.

Поголемото присуство на овие хормони придонесува за чувство на смиреност, подобро расположение и повеќе енергија во текот на денот.

Може да ја подобри меморијата

Некои истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат редовен сексуален живот имаат подобри когнитивни способности во споредба со оние кои ретко практикуваат секс.

Според д-р Кан, утринскиот секс ја стимулира работата на мозокот поради зголеменото лачење на хормони. Дополнително, студиите сугерираат дека сексуалната активност веднаш по будењето може позитивно да влијае врз хипокампусот – делот од мозокот задолжен за учење и меморија.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Една од помалку познатите придобивки од утринската интимност е нејзиното влијание врз имунитетот.

Според експертите, сексот може да го зголеми производството на имуноглобулин А (ИгА), антитело кое игра важна улога во одбраната на организмот од бактерии и вируси.

Повисокото ниво на овие антитела може да помогне во подобра заштита од инфекции и болести.

Сепак, лекарите нагласуваат дека силниот имунитет зависи и од други фактори, како што се балансирана исхрана, редовна физичка активност и доволно сон – навики кои, патем, позитивно влијаат и врз сексуалното здравје.

Што откриваат навиките во исхраната за една врска? Психолог предупредува на неколку важни „црвени знамиња“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот