Фото „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ
Фото „Слободен печат“ / Слободан Ѓуриќ

За убиството на кучето Феликс, Љубе Крстевски доби 3 месеци затвор

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.

Крстевски доби 3 месеци затвор, а Билбиловски парична казна од 100 дневни глоби. Првпат во Македонија се досудува затворска казна за ваков вид кривично дело.

Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати кучето Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми.

Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Убиството на кучето Феликс предизвика протести под мотото „Феликс не беше само куче, туку беше живот“. Минатиот месец македонските здруженија за заштита на животните на протест во Скопје побараа судовите да изрекуваат минимум една година затвор за убиство и мачење на животни и апелираа до судството да се промени досегашната пракса со неказнивост.

Беше побарано и формирање локални општински служби за заштита на животните, закон за Комунална полиција со единица за полиција за животни, спроведување превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните и системска едукација за хуман однос кон животните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот