Доналд Трамп / фото: Rawpixel / CC0

Трамп не мора да ги враќа отстранетите експонати за ропството, одлучи американски суд

Апелациски суд во САД вчера ја укина одлуката на судија со која администрацијата на претседателот Доналд Трамп требаше да врати десетици експонати поврзани со ропството и со климатските промени што биле отстранети од националните паркови, објави „Ројтерс“.

Тричлениот судски совет на Првиот апелационен суд на САД со седиште во Бостон привремено ја стави во мирување одлуката со која Службата за национални паркови беше задолжена да ги врати експонатите отстранети по директива на Трамп.

Судијата на Окружниот суд во Бостон, Ангел Кели, минатиот месец оцени дека експонатите биле отстранети како дел од незаконски обид на администрацијата да „ја преработи историјата на нацијата со бела боја“.

Таа одлука произлезе од тужба поднесена од групи што ги претставуваат конзерваторите, историчарите и научниците, кои ја обвинија администрацијата за цензурирана кампања со цел да се избришат делови од американската историја што не се вклопуваат во ставовите на Трамп.

Меѓутоа, апелацискиот совет, составен од судии именувани од демократски претседатели, одлучи да ја стави одлуката во мирување додека трае жалбената постапка, оценувајќи дека државата најверојатно ќе успее во жалбата и дека тужителите не докажале дека би претрпеле непоправлива штета.

Семејството Трамп заработило 2,3 милијарди долари од криптовалути, инвеститорите изгубиле сè

Адвокатката Брук Меншел од организацијата „Демокраси форвард“ оцени дека одлуката е разочарувачка, но само „привремен процедурален застој“, бидејќи судот сè уште не одлучил дали постапките на администрацијата се законски.

Портпарол на американското Министерство за внатрешни работи соопшти дека институцијата ги охрабрува граѓаните да ги посетуваат културните и историските локалитети и да учествуваат во разговори за настаните што ја обликувале земјата.

Според податоците, најмалку 51 експонат од 37 локации биле отстранети од националните паркови во рамки на спроведувањето на извршна наредба потпишана од Трамп во март 2025 година.

Со таа наредба се таргетира она што тој го нарекува „ревизионистичко движење“ кое ги прикажува САД како „инхерентно расистички, сексистички или непоправливо погрешни“, и се наложуваат измени во парковите низ земјата.

Меѓу отстранетите содржини е и експонат во Филаделфија кој се однесува на сопственоста на робови од страна на Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател.

Тужбата против отстранувањето ја поднесоа организации како „Нешнал паркс конзервашн асосиејшн“ и „Американ асосиејшн фор стејт енд локал хистори“.

Судот претходно оценил дека без привремена забрана, тужителите би претрпеле „естетска, рекреативна и информативна штета“, но апелациониот суд смета дека тие не покажале конкретна и непосредна штета поврзана со посетите на парковите.

Целa Земја на грбот на Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот