Медведев: Честитки Финска, сега си на листата на можни руски нуклеарни цели
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека Финска е ставена на листата на можни цели за руски нуклеарни напади откако ја укина забраната за увоз на нуклеарно оружје.
Препорачано
„Финска ја укина забраната за прием на нуклеарно оружје на своја територија. Што менува ова за Финците? Само една мала работа: нивната земја сега е на листата на руски нуклеарни цели. Честитки, Финска, го достигна врвот на безбедноста!“, напиша Медведев на социјалната мрежа Икс.
Finland has lifted its ban on hosting nuclear weapons. What does that change for the Finns? Just one minor thing: their country is now on Russia’s nuclear target list. Rejoice, Finland, you’ve reached peak security!
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) July 2, 2026
Финскиот претседател Александар Стуб минатата недела потпиша измени на Законот за нуклеарна енергија, со кои се дозволува увоз, транзит и транспорт на нуклеарно оружје низ територијата на Финска. Законот стапи на сила на 1 јули. Со него се укинуваат претходните ограничувања за вакви активности, а финското законодавство е прилагодено на новата безбедносна средина по пристапувањето на земјата во НАТО.
Финската влада соопшти дека промените имаат за цел зајакнување на капацитетите за одвраќање на НАТО во услови на влошување на безбедносната состојба во Европа и руската инвазија на Украина.
Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен претходно изјави дека новите правила ќе ѝ овозможат на Финска целосно да го искористи нуклеарниот чадор на НАТО за да ја заштити земјата. Во исто време, тој нагласи дека Хелсинки не планира да распореди нуклеарно оружје на своја територија.
Претседателот Стуб го зазеде истиот став, велејќи дека Финска сака да биде полноправна членка на НАТО без никакви ограничувања, но дека нема намера да стационира сојузничко нуклеарно оружје на своја територија.
Нетанјаху: Со договор или без договор, Иран нема да има нуклеарно оружје, ниту денес ниту утре


