ВИДЕО | Трамп стана лекар со вештачка интелигенција, пациентите му се стари противници

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави видео направено со вештачка интелигенција, во кое е прикажан како лекар што им препишува „терапија“ на своите политички противници и критичари.

Во видеото, Трамп носи бел лекарски мантил и стетоскоп, а „пациентите“ се јавни личности кои во изминатите години отворено ја критикуваа неговата политика и администрација. Меѓу нив се актерите Роберт Де Ниро, Едвард Нортон и Џулија Робертс, како и актерките и водителки Рози О’Донел и Вупи Голдберг.

Во една сцена, верзијата на Роберт Де Ниро создадена со вештачка интелигенција вели дека поради противењето на Трамп „не можел да јаде, не можел да спие и ги правел несреќни сите околу себе“.

Видеото се потпира на изразот „Трампов синдром“, односно ТДС, термин што Трамп и неговите поддржувачи често го користат за, како што велат, „неразумната омраза“ кон неговите политики. Во снимката, Трамп тврди дека не бил сигурен дали ќе може да им помогне на лицата што страдаат од ова измислено нарушување.

Во сатиричниот „план за лекување“, верзијата на Трамп создадена со вештачка интелигенција препорачува „исклучување на лажните вести“, молитва и пиење диетална кока-кола како начин за ублажување на наводните симптоми.

На видеото реагираше Рози О’Донел, која порача дека нејзиниот став кон Трамп не се променил. Таа го нарече американскиот претседател „сериозно болен“ и повторно повика на примена на 25. амандман од американскиот Устав, кој предвидува постапка за утврдување неспособност на претседателот да ја извршува функцијата.

Од Белата куќа соопштија дека станува збор за дел од препознатливиот политички и комуникациски стил на претседателот. Портпаролот Дејвис Ингл изјави дека Трамп има право да објавува вакви содржини на своите профили на социјалните мрежи.

Трамп не мора да ги враќа отстранетите експонати за ропството, одлучи американски суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот