сирија војска EPA/MOHAMMED AL RIFAI

Постигнат е договор меѓу Курдите и властите во Дамаск

Сириската влада и Сириските демократски сили СДФ (SDF) предводени од Курдите денес објавија дека се согласиле за сеопфатен прекин на огнот и постепена интеграција на воените и административните тела во сириската држава како дел од поширок договор.

Според договорот, силите на фронтовските линии на северот од Сирија ќе се повлечат, а силите на сириското Министерство за внатрешни работи ќе бидат распоредени во центрите на градовите Хасака и Камишли на североисток, кои моментално ги држат СДФ, објави Ројтерс.

Според договорот, локалните безбедносни сили ќе бидат споени.

Страните го објавија договорот откако сириските владини сили под водство на претседателот Ахмед ал-Шара овој месец зазедоа делови од северна и источна Сирија што ги држеа СДФ, принудувајќи ги курдските сили да се повлечат.

Висок функционер на сириската влада за Ројтерс изјави дека договорот е конечен и дека е постигнат доцна синоќа, а дека спроведувањето ќе започне веднаш.

Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, денес објавија дека се согласиле на сеопфатен прекин на огнот и постепена интеграција на нивните воени и административни тела во сириските државни тела како дел од поширок договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот