Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трагедија во Хрватска: второоделенец смртно се задуши со крофна

Екипата за итна медицинска помош веднаш излегла на терен, но, за жал, не успеале да го спасат деветгодишното дете.

Ученик на возраст од 9 години, кој бил во второ одделение во основно училиште во Велика Горица, Хрватска, денеска се задушило додека јадело крофни, пишуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, момчето ставило две крофни во уста истовремено, што довело до задушување, додека според друга верзија, зело преголем залак кој му се заглавил во трахеата.

Екипата за итна медицинска помош веднаш излегла на терен, но, за жал, не успеале да го спасат ученикот.

Сè се случило за време на одмор кога детето јадело крофна и според наставникот и другите деца, гризнало преголем залак од крофната и го вдишал, поради што дишните патишта му биле блокирани и немало начин да му се помогне.

Раководителот на Одделот за итни случаи призна дека во својата долга кариера никогаш не видел такво нешто, пренесува Данас.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот