ВИДЕО | Неверојатна снимка од обид за грабеж во Мостар – храбра продавачка му ја фати пушката на разбојникот, имаше и истрел
Во населбата Залик во Мостар синоќа се случил обид за вооружен грабеж, во кој храбра продавачка го запрела разбојникот кој влегол со автоматска пушка, објави Кликс.ба.
Препорачано
На снимката од надзорната камера што беше доставена до Кликс.ба, може да се види маж облечен во црна јакна како влегува во продавницата и по кратко време вади автоматска пушка од внатрешноста на јакната.
Sigurnosna kamera zabilježila je trenutak kada je prodavačica u Mostaru spriječila oružanu pljačku⤵️ pic.twitter.com/Mybt6oR5ah
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) March 25, 2026
Храбрата продавачка застана пред разбојникот, по што започна туркање и борба за пушката. Разбојникот немилосрдно ја удри неколкупати жената во главата, но таа не попушти. Во еден момент одекна и рафален истрел, но за среќа никој не е повреден.
Од Министерството за внатрешни работи и комуникации соопштија дека Полициската управа во Мостар била известена за инцидентот во продавница во населбата Залик, во кој било употребено огнено оружје.
„Полициски патроли веднаш биле испратени на местото на настанот. Според изјавата на вработениот, непознато машко лице вооружено со автоматска пушка влегло во објектот и побарало пари, при што дошло до туркање помеѓу сторителот и вработениот во продавницата, по што бил испукан истрел од огнено оружје-пушка. По настанот, сторителот се оддалечил од местото на настанот, а полициските службеници ги преземаат сите потребни мерки и дејствија за негово пронаоѓање“, соопшти полицијата.
За инцидентот бил известен дежурниот обвинител, под чиј надзор е спроведена истрагата.


