Објавени се најдобрите европски градови за „дигитални номади“, на листата е и град во Хрватска
Ново истражување ги откри најдобрите европски градови за „дигитални номади“ во 2026 година, при што во фокусот се ставени трошоците за живот, безбедноста и квалитетот на интернетот, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Анализата опфатила 35 популарни европски дестинации, а резултатите покажуваат дека градовите од Централна и Источна Европа нудат најдобра вредност за парите, особено кога станува збор за сместување, јавен превоз и брз интернет.
На првото место се најде Краков во Полска, кој доби висока оценка благодарение на прифатливите трошоци и добрата безбедност. Просечните месечни трошоци таму изнесуваат околу 1.400 евра, додека интернетот и храната се значително поевтини во споредба со западноевропските градови.
Веднаш зад него е Варшава, која нуди уште пониски месечни трошоци, додека третото место ѝ припадна на Будимпешта.
Во првите пет се најдоа и Прага и Талин, кои, покрај стабилната интернет мрежа, се издвојуваат и по поволните услови за живот.

На листата се најдоа и Мадрид, Севиља, Лисабон, Дубровник и Порто, што покажува дека интересот за работа од далечина расте низ целиот континент.
Истражувањето покажува дека цените за интернет значително варираат, па така градовите како Краков и Варшава нудат брз интернет по многу ниска цена, додека во некои западноевропски градови услугите се значително поскапи.
Разлики има и кај јавниот превоз – Прага се издвојува како најповолна, додека Лондон важи за еден од најскапите градови во Европа во овој сегмент.
Кога станува збор за безбедноста, Дубровник доби највисока оценка, додека некои поголеми западни градови заостануваат на ова поле.
Ова истражување уште еднаш потврдува дека за работа од далечина не е пресудна само платата, туку и трошоците за живот, квалитетот на инфраструктурата и безбедноста.
Македонија станува една од омилените локации за работење на дигиталните номади


