Кралицата Камила - Фото: Pool / i-Images / Eyevine / Profimedia

Кралицата Камила носеше накит од дијаманти и сафири во вредност од над 65.000 долари на прием во Лондон

Кралицата Камила го привлече вниманието на јавноста на 20 ноември за време на средбата со победниците на натпреварот за есеи на Комонвелтот на кралицата за 2025 година, престижен меѓународен училишен натпревар, во палатата Сент Џејмс во Лондон. Таа се појави во син фустан и накит вреден над 65.000 долари, пишува „ИнСтајл“.

Експертите од „Стивен Стоун Џулерс“ ја проценуваат вредноста на накитот на 6.500 долари. Брошот во облик на молец, од друга страна, вреди околу 40.000 долари, според Максвел Стоун, креативен директор на компанијата.

Кралицата Камила носеше и пар обетки од 18-каратно бело злато со сафири и дијаманти, изработени од Фаберже, кои чинеа 21.000 долари.

Само неколку дена претходно, кралицата носеше една од најскапите круни на британското кралско семејство. На приемот на Дипломатскиот кор во Виндзор, кој го организираше заедно со кралот Чарлс, Камила избра тиара со дијаманти и смарагди – тиара „Гревил Емералд Кокошник“. Тиарата, која датира од 1919 година, е создадена од Бушерон за Дама Маргарет Гревил, а накитот подоцна го наследила кралицата мајка, а потоа и кралицата Елизабета II.

Кралицата Камила – Фото: Pool / Zuma Press / Profimedia

Џоана Вигановска, експерт за дизајн и гемолог во „Квинсмит“, за „Дејли експрес“ изјави дека вредноста на тиарата „Гревил Емералд Кокошник“ се проценува на повеќемилионски долари, помеѓу 6 и 13 милиони долари. Смарагдот од речиси 100 карати има кабошон крој, што значи дека површината е заоблена и мазна, наместо фацетирана, како што е вообичаено со скапоцените камења од оваа вредност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот