Дара / Фото: EPA

Која е Дара, бугарската победничка на Евровизија 2026?

Бугарската пејачка Дара синоќа испиша историја на Евровизија, откако победи на јубилејното 70. издание на најголемиот музички натпревар во Европа со песната „Bangaranga“, освојувајќи вкупно 516 поени.

Дара, чие целосно име е Дарина Јотова, е родена на 9 септември 1998 година во Варна, а уште од детството се занимава со музика и изучува фолклорно пеење.

Својата кариера пред пошироката публика ја започна во 2015 година, кога учествуваше во музичкото шоу „Икс фактор“ во Бугарија, каде што стигна до финалето и го освои третото место. Нејзин ментор тогаш беше бугарскиот музичар Криско.

Само неколку месеци по завршувањето на шоуто, Дара го објави својот деби-сингл „К’во не чу“, кој стана голем хит во Бугарија и една од најемитуваните песни на радио-станиците во 2016 година.

Потоа следуваа низа успешни песни како „Родена такова“, „Недеј“, „Ај Ај“, „Mamacita“ и „Thunder“, со кои се етаблираше како една од најпопуларните млади поп-ѕвезди во регионот.

Фото: Инстаграм/Дара

Во текот на кариерата освои повеќе награди на „БГ радио“, а беше и најмладиот тренер во историјата на музичкото шоу „Гласот на Бугарија“. Во 2022 година го објави и својот прв студиски албум „Родена такова“.

На почетокот на 2026 година Дара беше избрана за бугарска претставничка на Евровизија, откако победи на националниот избор и кај жирито и кај публиката.

Дара на националниот Избор за песна на Евровизија во Бугарија / Фото: Инстаграм/Дара

Набргу потоа за евровизиска песна беше избрана „Bangaranga“, нумерата со која вечерва ѝ ја донесе на Бугарија првата победа во историјата на Евровизија.

Нејзиниот триумф е историски и поради уште еден податок — ова е првпат од 2017 година и жирито и публиката да гласаат за ист победник на Евровизија.

Бугарија победи на јубилејната Евровизија во Виена, Израел заврши на второто место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот