Дара / Фото: Profimedia

Бугарија победи на јубилејната Евровизија во Виена, Израел заврши на второто место

Бугарија победи на 70. издание на Изборот на песна за Евровизија, кое вечерва се одржа во Виена, освојувајќи вкупно 516 поени во драматично финале што донесе голем пресврт по гласањето на публиката.

Откако по гласовите на стручните жири-комисии Бугарија беше прва со 204 поени, публиката дополнително ја зацврсти нејзината позиција и ѝ ја донесе победата на јубилејното, 70. издание на најголемиот музички натпревар во Европа.

На второто место заврши Израел со 343 поени, додека третопласирана беше Романија со 296 поени. Веднаш зад нив се најдоа Австралија со 287 и Италија со 281 поен.

За време на големото финале настапија претставниците на Данска, Германија, Израел, Белгија, Албанија, Грција, Украина, Австралија, Србија, Малта, Чешка, Бугарија, Хрватска, Обединетото Кралство, Франција, Молдавија, Финска, Полска, Литванија, Шведска, Кипар, Италија, Норвешка, Романија и Австрија.

Годинашното издание на Евровизија се одржа во арената „Винер Штатхале“ во Виена, откако Австрија минатата година победи со песната „Wasted Love“.

Финалната вечер беше исполнета со спектакуларна продукција, големи сценски ефекти и настапи со кои беше одбележан јубилејот на натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот