Знаевте ли дека вашата љубовна врска има свој астролошки знак?

profimedia

Дали знаевте дека периодот кога сте ја започнале вашата љубовна врска може да влијае на вашиот однос? Така, на пример, врските започнати во пролет, за време на владеењето на Бикот ќе бидат цврсти и стабилни, исто како и тие кои започнале во време кога сонцето се наоѓало во знакот на Шкорпија.

ОВЕН

На двојките кои врската ја започнале за време на владеењето на Овен никогаш нема да им биде здодевно. Помеѓу нив секогаш постојат искри, а сите недоразбирања ефикасно се решаваат во спалната соба. Другите двојки се стекнуваат со впечаток дека се на работ од прекин на врската, но нивната врска е доволно цврста за да ги прживее сите недоразбирања. Помеѓу овие партнери нема неискреност и всушност искреноста е еден од темелите на кои ја градат својата цврста врска.

БИК

Двојките кои ја започнале својата врска за време на владеењето на знакот Бик имаат цврст и стабилен однос. Овие врски успешно се соочуваат со сите проблеми, а партнерите еден во друг пронаоѓаат поддршка и поткрепа. На оваа врска никогаш нема да и недостасува нежност и страст. Единствена опасност може да претставува фактот дека партнерите целосно се препуштаат на заедничките уживања, па ги занемаруваат останатите блиски луѓе.

БЛИЗНАЦИ

Двојките кои ја започнале врската за време на владеење на знакот Близнаци, пред се’ се добри пријатели и одлични животни сопатници. Секогаш се расположени за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација, па отсуството на посесивност и љубомора е уште една од предностите на овие врски. Негативната страна на оваа врска е тоа што партнерите премногу вложуваат во друштвениот живот, па со време би можеле да престанат да разменуваат нежност, а нивниот однос да премине во пријателски.

РАК

Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романтика, а партнерите нема да можат долго да бидат разделени. На нив никогаш нема да им недостига нежност и топлина, а и двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Лоша страна е преголемата посветеност бидејќи партнерите не сакат да одат никаде еден без друг

ЛАВ

Врската започната во знакот на Лав ќе биде полна со драми и страсти. Партнерите во еден момент жестоко ќе се расправаат, за веќе во следниот момент страствено да се смируваат во спалната соба. Романтичните изливи на емоции се вообичаена појава. Овие двојки настојуваат пред другите да се претстават во најдобро светло, дури и кога помеѓу нив постојат несогласувања.

ДЕВИЦА

Врската која започнала за време на владеењето на овој знак ќе се карактеризира со стабилност и трајност. Заедничката желба за сигурност на партнерите цврсто ќе ги држи заедно, а искрената и отворена комуникација, отсуството на жестоки расправии се само некои од предностите на овие врски. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, на оваа врска може да и недостига страст, бидејќи партнерите не се склони кон отворено изразување на емоциите.

ВАГА

Во оваа врска се се врти околу љубовта – партнерите уживаат во размена на нежности, внимание и подароци, па секогаш внимаваат на чувствата и желбите на другиот. Тие се вљубени, а заедничките романтични вечери и излегувања им помагаат во одржувањето на страста. Овие луѓе нема лесно да се впуштат во расправија, па единствен проблем би можело да биде недостатокот на искреност и потиснување на фрустрацијата.

ШКОРПИЈА

Ова е страсна и возбудлива врска со изобилство на емоции. Од моментот кога се запознале двајцата чувствуваат силна сексуална привлечност која ќе биде главен фактор за опстанокот на овие врски. Сепак, чести расправии, љубоморни сцени и инциденти на посесивност на крајот би можеле да ја доведат до прекин врската ако двајцата партнери не покажуваат повеќе толеранција.

СТРЕЛЕЦ

Врската што започнала во времето на владеењето на ведриот Стрелец е базирана пред се врз взаемно почитување и разбирање. Партнерите не се оптоварени со љубомора и сомневање, а и не се еден од оние парови кои одат насекаде заедно. Лична слобода и независност се секако еден од најважните елементи на оваа врска.

ЈАРЕЦ

Овој однос не може да изобилува со нежност, топлина и романтични гестови, но е стабилен и дава чувство на сигурност на партнерите. Тие се почитуваат и никогаш не влегуваат во расправии, емоционални уцени и манипулации. Сите проблеми лесно и брзо ги решаваат. И двајцата ги почитуваат парите и безбедноста кои тие ги обезбедуваат. Сепак, тоа треба да поработат повеќе на нежната страна од врската за да не се изгуби блискоста.

ВОДОЛИЈА

Оваа е интересна и малку необична врска. Можеби на прв поглед ова се луѓе кои не се совпаѓаат еден со друг, но во суштина се совршен пар. Отсуство на љубомора и посесивност е одлична подлога за воспоставување на стабилни односи. Врската може долго да трае долоклу партнерите меѓусебно не се потиснати.

РИБИ

Ако сте нежни, романтични и постојано барате изливи на нежност, ова е одлична врска за вас. Големата љубов и нежноста која партнерите ја чувствуваат еден за друг е гаранција за успех. Оваа врска е исполнета со емоции, ама и со повремени драми, но во основа двајцата партнери се грижат еден за друг, а не им е тешко повремено да се жртвуваат во име на љубовта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот