Претседателката Сиљановска-Давкова до колешката Мурму: Највисоките функции се заслужуваат со карактер, а не со привилегии
Како земја членка на НАТО, чија стратешка цел е членството во Европската Унија, нашата геостратешка положба ни овозможува да водиме повеќедимензионална надворешна политика. Настојуваме да ги продлабочуваме постојните партнерства, но и да градиме нови со земји што ја споделуваат нашата определба за мир, развој и меѓународна соработка. Индија во овој видокруг зазема особено значајно место, …

