Дрејк / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Историски успех за Дрејк — го надмина Мајкл Џексон и сруши рекорд стар повеќе од 30 години

Реперот Дрејк постави нов музички рекорд, надминувајќи го легендарниот Мајкл Џексон по бројот на песни што стигнале до првото место на музичката листа „Билборд Хот 100“, пренесува „Билборд“.

Со овој успех, Дрејк стана соло изведувач со најмногу синглови на врвот на оваа листа, со што беше срушен долгогодишниот рекорд на Мајкл Џексон.

Претходно, Џексон држеше рекорд со 13 песни на првото место. Неговиот успех започна во 1972 година со песната „Ben“, а во текот на осумдесеттите години оствари низа од девет хитови кои стигнаа до врвот. Неговата последна песна број еден беше „You Are Not Alone“ во 1995 година, по што рекордот остана ненадминат повеќе од три децении.

Новото достигнување на Дрејк доаѓа само неколку недели по објавувањето на три албуми во ист ден — „Iceman“, „Habibti“ и „Maid of Honour“.

Секој од овие проекти претставува различен музички правец, од рап и аренби звук до електронски и клубски влијанија.

Албумот „Iceman“ носи класичен рап звук со соработки со 21 Savage, Future и други изведувачи, додека „Habibti“ е поелегантен аренби проект, а „Maid of Honour“ е инспириран од електронска и денс музика.

Овие три албуми веднаш доминираа на музичките листи, заземајќи ги првите три позиции. Дополнително, „Iceman“ стана негов 15-ти албум на врвот на топ листите, со што го надмина Џеј Зи како најуспешен соло изведувач во рап и аренби жанрот.

Дрејк со ова достигнување се израмни со Ријана и Тејлор Свифт по број на албуми на топ листите, а се најде веднаш зад Мараја Кери и „Битлси“.

Покрај тоа, постави и нов рекорд со 42 песни на Билборд хот 100 во една недела, додека истовремено држеше девет од првите десет места на листата. Со тоа стана првиот изведувач со над 400 влегувања на оваа престижна листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот