ВИДЕО | Том Холанд доби „корпа“ од Ерлинг Халанд: „Му пишав да се дружиме, но никогаш не ми одговори“
Британскиот актер Том Холанд откри дека му испратил приватна порака на норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд со предлог да се дружат, но не добил никаков одговор. За необичната ситуација актерот зборуваше во емисијата „Вечерното шоу со Џими Фалон“, каде што призна дека одбивањето било прилично „отрезнувачко искуство“ за него.
Препорачано
Водителот Џими Фалон го праша Холанд дали е вистина дека му пишал на Халанд, откако на социјалните мрежи се појавила објава во која се тврдеше дека фудбалерот не знаел кој е актерот и помислил дека станува збор за случајна личност.
„Да, му пишав. И морам да кажам дека ваквото искуство е важно за актерите. Си велиш: ‘Ќе му пишам, ќе го однесам на вечера’, а потоа не добиваш ни одговор, ни изговор, ни порака во стилот: ‘Зафатен сум, играм фудбал’. Ништо“, изјави Холанд.
Актерот, кој е голем љубител на фудбалот, објасни дека го забележал Халанд на трката за Големата награда на Монако во Формула 1, каде што двајцата престојувале во одделни ВИП-простори.
„Го гледав Луис Хамилтон како вози и го видов Халанд во ложата спроти мене. Решив да си ја пробам среќата и да му испратам порака“, раскажа тој.

Холанд се пошегува дека никогаш не очекувал оти јавно ќе зборува за неуспешниот обид за дружење.
Кога Фалон го праша дали сè уште би отишол на вечера со Халанд, актерот одговори дека веројатно фудбалерот не би сакал да се сретне со него по натпреварот меѓу Англија и Норвешка.
Англија ја победи Норвешка со 2-1 и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, со што ја елиминираше селекцијата на Халанд.
И покрај тоа што фудбалерот не му одговорил на пораката, Холанд немаше лоши зборови за него. Тој го пофали неговиот настап на првенството и го нарече „неверојатен“ и „вистинска легенда“.
Халанд, кој настапува за Манчестер сити, по поразот изјави дека ќе продолжи да ја поддржува Англија. Тој откри дека како дете добил дрес од англиската репрезентација уште пред да има норвешки дрес и додаде дека сака Англија да постигне добар резултат.
Холанд, пак, изјави дека пласманот на Англија во полуфиналето е голема работа и дека има чувство оти репрезентацијата може да стигне до самиот крај на турнирот.


