ФОТО | Први фотографии од новото продолжение на „Бетмен“ — Мет Ривс го покажа зимскиот бетмобил
Возилото на Темниот витез добива зимска надградба. Режисерот Мет Ривс го сподели она што изгледа како прв официјален поглед од продукцијата на „Бетмен: Дел 2“ (The Batman: Part 2), објавувајќи фотографија на социјалната мрежа Икс, со опис „Снежни гуми“. Станува збор за тизер-слика од бетмобилот за време на тест со камера, пренесува „Вараети“. Деталите за тоа што точно се случува на сликата остануваат нејасни, но е јасно дека долгоочекуваното продолжение конечно е во тек и дека приказната ќе се одвива во зимски амбиент.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
#SnowTires 🦇 pic.twitter.com/XR0K1xUGqx
— Matt Reeves (@mattreevesLA) May 7, 2026
Роберт Патинсон се враќа во улогата на Брус Вејн, заедно со Колин Фарел како Оз Коб (познат како Пингвин), Џефри Рајт како комесарот Џејмс Гордон и Енди Серкис како Алфред Пениворт. Барри Кеоган се очекува повторно да се појави како Џокер.
Во оригиналниот филм од 2022 година, помлад и психолошки ранлив Брус Вејн, кој бил само две години во улогата на маскиран борец против криминалот, се вклучува во мрачно детективско истражување на серија убиства. Серискиот убиец Ридлер (Пол Дано) почнува да ги таргетира елитите на Готам и му остава криптични пораки директно на Бетмен. Филмот постигна голем успех, заработувајќи 772 милиони долари ширум светот наспроти буџет од 185 до 200 милиони долари, со што стана седмиот најпрофитабилен филм во 2022 година.
Во новото продолжение се приклучуваат и неколку големи имиња. Оскаровката Скарлет Јохансон ја доби улогата на Гилда Дент, сопругата на окружниот обвинител Харви Дент. Себастијан Стен исто така се приклучува на екипата и ќе го игра Харви Дент. Ветеранoт од „Игра на тронови“, Чарлс Денс, исто така е дел од актерската екипа и се верува дека ќе го игра Чарлс Дент, таткото на Харви.
Ривс го напиша сценариото заедно со Метсон Томлин.
„Беше долг пат, но сум неверојатно возбуден. Многу сум горд на сценариото што јас и Метсон го напишавме“, изјави Ривс за „Варајети“ на доделувањето на наградите Еми во септември.
„Бетмен: Дел 2“ е закажан за прикажување во кината на 1 октомври 2027 година.


