Шефот на армијата на Уганда има 14% грчки гени: Отсекогаш верував дека имам врска со Александар Велики
Началникот на вооружените сили на Уганда, Мухузи Каинеругаба, оваа недела објави дека ДНК-тест покажал оти 14 проценти од неговите гени се совпаќаат со генетскиот профил на Грците, објави „Грик рипортер“. Тој на „Икс“ напиша дека отсекогаш верувал оти е поврзан со Александар Велики. Каинеругаба му е син на претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, кој и …

