ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Жерар Пике и Клара Чиа / 16 ноември 2022 / Фото: Emilio Utrabo / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Шпанскиот фудбалер Жерар Пике и неговата нова девојка Клара Чиа биле забележани на вечерна прошетка, откако уживале во романтична вечера во јапонски ресторан, пишува „Дејли мејл“.

Имено, фудбалерот (35) бил виден како се држи за рака со младата студентка по односи со јавноста (23), џентлментски ѝ ја држел чантата и ѝ помогнал да си ги намести чорапите.

Жерар Пике и Клара Чиа / 16 ноември 2022 / Фото: Emilio Utrabo / MEGA / The Mega Agency / Profimedia
Жерар Пике и Клара Чиа / 16 ноември 2022 / Фото: Emilio Utrabo / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Ова е нивно прво појавување во јавноста, откако Пике ги потпиша документите со кои ѝ отстапи целосно старателство на Шакира над синовите Милан и Саша со што таа ќе може да се пресели во Мајами.

Повикувајќи се на изјава на пријатели блиски до Пике и Клара, шпанските медиуми пишуваат дека фудбалерот ја заменил Шакира со новата девојка бидејќи таа е многу „поразбирлива“ од колумбиската пејачка и дека „не се однесува како дива“.

Шакира и Жерар Пике
Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни годинава, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот