Патка Мексико - Фото: 1110620311, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no , Credit line: Daniel Cardenas / AFP / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Светска сензација на Мундијалот – патка во дрес на Мексико стана хит меѓу навивачите

Додека на Светското првенство во фудбал големите ѕвезди како Лионел Меси и Килијан Мбапе ги полнат спортските насловни страници, една сосема поинаква ѕвезда го украде шоуто во Мексико. Станува збор за Мерлин, двегодишна патка која живее во Мексико Сити и која стана глобален хит откако се појави на навивачките прослави облечена во минијатурен фудбалски дрес на мексиканската репрезентација, пишува „Мајмодернмет“.

@luvitk12

te quiero mucho merlin 🥹❤️‍🩹 #CDMX #mexico #foryou #patomerlin #bellasartes @pato Merlin

♬ Los sabanales – Calixto Ochoa

Сè започнало откако Мексико победи во својот прв натпревар против Јужна Африка, по што илјадници фанови излегоа да слават кај познатиот споменик „Ангел на независноста“. Сопственичката на патката, Карла Гомез, која продава сокови на улица, решила да се приклучи на славењето со својот миленик, но не сонувала дека Мерлин преку ноќ ќе стане вирална сензација. Неговата популарност пораснала до тој степен што Карла веќе добива сериозни парични понуди да ја продаде патката, што таа најостро ги одбива, нагласувајќи дека Мерлин е рамноправен член на нејзиното семејство.

„Тој е сопатник во мојот бизнис и омилен пријател на мојот син Кристијан. Дома јаде специјална храна, овошје и зеленчук, а еднаш неделно го честиме и традиционално мексиканско тако“, раскажува сопственичката.

Специјални чорапи како фудбалски копачки

Бидејќи Карла и нејзиниот син не сакаат да го оставаат Мерлин сам дома, тој секојдневно се вози со нив на количката за сокови. А кога сака да прошета по врелиот асфалт во градот, сопствениците му облекуваат специјално дизајнирани заштитни чорапи кои, во комбинација со дресот, изгледаат како вистински мали фудбалски копачки.

Фудбалската треска околу патката отиде толку далеку што фановите веќе цртаат нејзини портрети, спортски коментатори доаѓаат во градот само за да ја снимат, а официјално признание стигна и од ФИФА и од Фудбалската репрезентација на Мексико, која сподели фотографија од Мерлин на Инстаграм со порака:

„Еве што нè прави уникатни! Сите сме навивачи, дури и оние од кои најмалку очекувате“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот