Фото: илустрација / nsw.gov.au

Три девојки се качиле на мотор со четири тркала на Шар Планина, сите завршиле во болница

Три девојки, на возраст од 18 до 25 години, возејќи се на четирицикл излетале од пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, соопшти полицијата. Тешки повреди има најстарата, која го возела четирициклот, но и двете други учеснички во несреќата завршиле во тетовската болница.

„На 17.06.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с.Вејце-с.Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од с.Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од с.Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.

Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи во Кривопаланечко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот