Швајцарија ќе ја укине забраната за изградба на нови нуклеарни централи
Швајцарскиот парламент го одобри планот на владата за изградба на нови нуклеарни централи, со што се поништува забраната од 2018 година и се отвора патот за спроведување на референдум, објави „Еуроњуз“.
Препорачано
Одобрувањето од Националниот совет дојде откако иницијативата веќе ја доби поддршката од горниот дом на парламентот.
За време на дебатите во парламентот, министерот за енергетика Алберт Рости ја нагласи потребата да се задржи отоврена опцијата за нуклеарна енергија за да се гарантира долгорочното снабдување со енергија на земјата.
Двата дома велат дека овластувањето за нови нуклеарни централи може да се даде само ако се обезбеди финансирање.
Швајцарските гласачи треба да го имаат последниот збор
„Широка коалиција од групи „ќе покрене референдум““, соопштија од Партијата на зелените.
Претседателката на Зелените, Лиза Мацоне, рече дека гласањето во парламентот „го саботира брзиот развој на обновливите извори на енергија, заштитата на климата и нашиот енергетски суверенитет“.
Од партијата соопштија дека собирањето потписи за референдум ќе започне овој месец.
За да се покрене референдум според системот на директна демократија на Швајцарија, мора да се соберат 50.000 валидни потписи во рок од 100 дена од објавувањето на новиот закон, пречка што се очекува коалицијата да ја надмине.
„Осигурителна полиса“
Швајцарската влада од 2024 година врши притисок за укинување на забраната, наведувајќи ја растечката потреба за домашна електрична енергија со ниски јаглеродни емисии за да се постигне целта за нето-нулти емисии до 2050 година.
Беа наведени и стравувања од недостиг поврзан со светски настани, како што се војната меѓу САД и Израел против Иран и целосната инвазија на Русија врз Украина, како и зависноста на Швајцарија од увоз на електрична енергија во зима.
Во владиниот проект се тврди дека дозволувањето изградба на нови нуклеарни централи би „создало полиса за осигурување за снабдување со електрична енергија“ во случај обновливите извори на енергија да не се доволни или ако нема други решенија за гарантирање на производството на електрична енергија.
Швајцарците го одобрија постепеното укинување на нуклеарната енергија на референдумот во 2017 година, забранувајќи ја изградбата на нови електрани.


