СДСМ-Битола има нов извршен и надзорен одбор, по предлог на новиот претседател на ОО, Стојчевски
Зоран Стојчевски, кој пред два месеци беше избран за претседател на општинската организација на СДСМ во Битола, со акламација доби поддршка за новиот извршен и надзорен одбор, на општинската конференција на СДСМ-Битола, која се одржа вечерва во партиската сала. За секретар на ОО на СДСМ Битола е избран Дејан Србиновски, а организациски секретари се Димче Дамчевски и Борче Корлевски, јавува локалниот портал „Апла.мк“.
Препорачано
Претседателот Стојчевски ги предложи членовите на Извршниот и Надзорниот одбор кои со акламација беа поддржани и изгласани од Делегатите на општинската конференција.
Специјални гости на конференцијата беа, Заменик претседателката на СДСМ – Фани Каранфиловска и Организацискиот секретар на СДСМ – Љупчо Фармаковски, објави ОО на СДСМ Битола. Надзорниот одбор го сочинуваат Дејан Стојков, Пеце Зуламовски, Нада Паскова, Славчо Дуковски и Ѓорги Ицков. Во Извршниот одбор се избрани членовите Благој Лазаров, Анета Сердарова, Весна Баковска, Ѓорги Ѓоргиевски, Бисера Петровска Аргиновска, Пеце Танчевски, Лидија Неделковска, Андреј Гулабовски, Дијана Станковска, Дејан Србиновски, Катарина Каровска Дамчевски, Влатко Шеровски, Зоран Степановски, Валентина Стојковска, Омер Алиевски, Јулијана Силјановска, Васко Колевски и Елена Пејчиновска.
Вреди ќе „настапи“ пред Мицкоски со три сценарија за реконструкција на Владата


