Фото: Министерство за здравство

За првпат во Македонија, робот им помагаше на лекари да оперираат

Во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ при Медицинскиот факултет во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје беше добиен и поставен демо роботски хируршки систем „Еџ медикал“, на кој успешно е изведена првата уролошка операција асистирана од робот во Македонија, а според достапните информации и прва од ваков тип во поширокиот регион, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за уролошка операција кај пациент со карцином на простата, изведена со примена на најсовремена роботска технологија и минимално инвазивен хируршки пристап.

Операцијата ја изведе тимот на Клиниката за урологија, предводен од д-р Виктор Станков, научен соработник и специјалист-уролог. При зафатот беше користен роботскиот хируршки систем „Еџ медикал“, со примена на метода „сингл сајт“, односно хируршки пристап преку еден единствен отвор.

Државното здравство со ова прави „историски исчекор“ во развојот на минимално инвазивната роботска хирургија, отворајќи нови можности за современ третман, велат од МЗ.

„Овој пристап овозможува поголема прецизност при интервенцијата, помала траума за пациентот, намалена постоперативна болка и побрзо закрепнување. Според достапните сознанија, ова е и прва примена на Single Site метода од ваков тип во Европа“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот