ФОТО: Како денес изгледа најстрашното девојче од нашето детство?

Фото: Профимедиа

Тешко дека било кој може да ја заборави првата средба со Самара Морган, морничавото девојче од култниот хорор „The Ring“. Актерката Давеј Чејс во меѓувреме порасна во вистинска убавица, но продолжи со кошмарите.

Актерката Давеј Чејс ја играше Самара кога имаше 12 години, а девојчето со долга црна коса кое живее на дното од бунарот и од ТВ екранот ползи кон вас, стана една од легендите на поп културата.

Давеј имаше релативно запазена улога во класиката „Donnie Darko“ и серијата „Big Love“ која се емитуваше до 2011, а го позајмувше и својот глас на некои анимирани јунаци, меѓутоа во последно време и да сте ја виделе во некои остварувања – сигурно не би ја препознале.


Давеј денес има 30 години, носи пирсинг на носот и делува како една од оние убавици со став кои го освојуваат вниманието каде и да се појават.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveigh (@daveighc)


А доколку се прашувате зошто никој не ја ангажира повеќе, одговорот лежи во нејзината репутација како проблематична девојка.

Таа неколку пати имаше проблеми со законот – беше уапсена поради поседување на дрога, возење со украден автомобил, а најголемата дамка и стои од 2016 година кога пред болница остави човек кој умира и избега од лице место. Човекот починал од преголема доза на наркотици, а Чејс денес важи за личност која на некој начин учествувала во неговата смрт, односно го оставила да почине и побегнала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daveigh (@daveighc)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот