Марк и Надија - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ФОТО | Татко по осми пат: Марк Ентони и неговата 31 година помлада сопруга открија дека очекуваат второ дете

Светски познатиот пејач Марк Ентони (57) и неговата 31 година помлада сопруга, поранешната мис Парагвај, Надија Фереира, открија дека го очекуваат своето второ дете. Среќната вест двојката ја сподели денеска преку заедничка објава на Инстаграм, по повод третата годишнина од нивниот брак.

Тие открија и дека нивниот син Марко наскоро ќе стане постар брат.

„Среќна трета годишнина од бракот! Каков голем подарок ни подари животот. Бог е голем. Маркито ќе стане голем брат“, напишаа тие во описот на фотографијата.

На објавената фотографија јасно се гледа трудничкиот стомак на Надија Фереира, додека рацете на Марк Ентони, нивниот син Марко и самата Надија се положени врз нејзиниот стомак.

Покрај синот Марко, Марк Ентони е татко и на уште шест деца од претходни врски. Со поранешната партнерка Деби Росадо ги има ќерката Аријана (31) и синот Чејс (28). Со поранешната сопруга Дајанара Торес ги има синовите Кристијан (25) и Рајан (22), додека со поранешната сопруга Џенифер Лопез ги има близнаците Ема и Максимилијан (17).

Гласините за врската меѓу Марк Ентони и Надија Фереира започнаа на почетокот на 2022 година, откако беа забележани заедно во Мексико Сити. Својата врска официјално ја потврдија во март истата година со заедничка фотографија на Инстаграм.

Три месеци подоцна ги објавија свршувачките за време на забава во ресторанот „Sexy Fish“ во Мајами, а на 28 јануари 2023 година се венчаа на гламурозна церемонија во истиот град, на која присуствуваа бројни познати личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот