По ужасната несреќа во Бразил, мајката на 21-годишната девојка која почина при банџи скок од мост објави потресна порака
Мајката на 21-годишната Марија Едуарда Родригес де Фреитас, која трагично загина при скок со јаже (кое инструкторите заборавиле да ѝ го прикачат) во Бразил, сподели емотивна порака на социјалните мрежи по страшната несреќа предизвикана од неверојатен пропуст на инструкторите.
Препорачано
Младата Марија се подготвувала за скок од популарниот „Мост на скелетите“ во сојузната држава Сао Паоло. Таа стоела на работ на мостот, а тројца инструктори ја подигнале и ја фрлиле во бездната. Меѓутоа, се случила незамислива трагедија, сигурносното јаже воопшто не било прицврстено за девојката. На видеото кое кружи на социјалните мрежи се слушаат само ужасните крици на сведоците додека таа паѓа во смрт.
Нејзината мајка, Вал, објави фотографија од својата ќерка на Инстаграм и овјави потресна порака:
„Моја сакана ќерко, денес сакав да те прегрнам повеќе од илјада пати. Колку ме боли твоето заминување. Те сакам засекогаш, моја принцезо, и ти благодарам што беше дел од мојот живот во овие 21 година. Боже, ти благодарам за оваа привилегија“.
View this post on Instagram
Уапсени се шест лица, мостот и од претходно е кобен
Медиумите пренесуваат дека Марија се здобила со повеќекратни скршеници по падот, а лекарите на самото место констатирале смрт. Поради овој ужасен инцидент, тројцата инструктори веднаш се уапсени и се соочуваат со обвиненија за убиство со индиректна намера, а приведени сè уште три други лица поврзани со организацијата.
Трагедијата е уште поголема бидејќи Марија само неколку часа пред кобниот скок објавила статус на социјалните мрежи. Споделувајќи слика од заштитните нараквици, таа на шега напишала:
„Која беше таа луда личност што ми дозволи да дојдам и да скокам од мостов?“
Локалната полиција потврди дека на овој мост во изминатите години се случиле повеќе трагедии, вклучувајќи ја и смртта на еден велосипедист кој паднал додека си правел селфи, но нагласуваат дека околностите околу смртта на младата Марија се незапаметени во црната хроника на овој регион.


