Фото: Промо

Џос Стоун за првпат на отворено во Македонија: Светската соул дива го отвора „Скопје колинг 2026“

Една од најголемите соул ѕвезди на модерната ера, неповторливата Џос Стоун, ова лето за првпат ќе настапи на голем отворен концерт во Македонија. Таа ќе биде првиот изведувач што ќе го отвори музичкиот фестивал „Скопје колинг 2026“ на 21 јули, со старт во 21 часот, на Стадионот на АРМ.

Соул сензацијата, која уште од почетокот на својата кариера важи за еден од најмоќните женски вокали на 21. век, ја внесе соул музиката на светската сцена на начин достоен единствено за најголемите – во ист ранг со непрежалената Ејми Вајнхаус.

Џос Стоун го освои светот уште со својот дебитантски албум „The Soul Sessions“ од 2003 година, кој ѝ ја донесе престижната награда Меркјури. Следуваа Британските музички награди, Греми, како и статус на една од најбогатите млади пејачки во светот пред да наполни 30 години.

Нејзиниот препознатлив соул звук, гласот и искрената изведба ја направија омилена на публиката ширум светот. Стоун слободно балансира меѓу клупски настапи и најголемите светски фестивали како Гластонбери, покажувајќи дека вистинскиот квалитет нема граници.

Во рамки на легендарната „Тотал вролд тур“, која траеше цели шест години, Стоун настапи во стотици градови низ сите континенти. Токму во тој период, таа се претстави и пред македонската публика на клупски концерт во Скопје, настан за кој планираните 1.000 билети беа распродадени за неколку минути.

Фото: Промо

Сега, Џос Стоун се враќа во Македонија со големо отворено шоу во склоп на нејзината нова европска турнеја. Концертот ќе се одржи на 21 јули, на Стадионот на АРМ, кој важи за еден од најубавите простори за летни музички спектакли во Скопје.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба во четврток, 27 ноември, од 10 часот преку онлајн на avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk.

Цените се следниве:

  • Партер: 1.990 денари
  • Фан пит: 2.990 денари

Организаторите најавуваат незаборавна музичка вечер со една од највлијателните и најавтентични уметници на својата генерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот