Фото: Profimedia

Разводен адвокат со 20-годишно искуство: „Мажите почесто изневеруваат, но жените подобро ги кријат аферите“

Њујоршкиот адвокат за разводи Џејмс Секстон, кој повеќе од две децении работи на бракоразводни постапки, тврди дека низ годините забележал јасни разлики во начинот на кој мажите и жените најчесто изневеруваат, но и како реагираат кога ќе дознаат за неверство.

Во интервју за „Лед бајбл“, Секстон вели дека, според неговото професионално искуство, и двата пола изневеруваат, но мажите тоа го прават почесто.

„Мажите и жените изневеруваат многу, но мажите изневеруваат почесто, додека жените тоа подобро го кријат. Жените или одат до крај или воопшто не влегуваат во такво нешто. Мажите, пак, многу често прават глупости“, изјави тој.

Според адвокатот, токму затоа мажите многу почесто се откриени.

„Мажите почесто се фаќаат отколку жените. Жените се подобри во прикривањето на неверството“, додава Секстон.

Тој смета дека постои уште една интересна разлика – начинот на кој сопружниците реагираат кога ќе дознаат дека биле изневерени.

„Кога маж ќе дознае дека сопругата го изневерила, неговото прво прашање е: ‘Дали имаше сексуален однос со него?’. Кога жена ќе дознае дека сопругот ја изневерил, најчесто прашува: ‘Дали ја сакаш?’“, вели адвокатот.

Според него, овие различни реакции откриваат како мажите и жените го доживуваат неверството. Прашањето на жената, објаснува тој, всушност значи: „Што значи таа личност за тебе?“ или „Дали ти е поважна од мене?“. Од друга страна, реакцијата на мажот повеќе се однесува на чувството на поседување и нарушување на брачната врска.

Секстон истакнува дека неверството е присутно во голем број разводи, но не секогаш е лесно да се утврди дали токму тоа е причината за распадот на бракот или, пак, е последица на проблемите што веќе постоеле.

„Понекогаш е невозможно да се каже дали луѓето се разведуваат поради неверство или изневеруваат затоа што нивниот брак веќе бил осуден на пропаст“, објаснува тој.

Од своето долгогодишно искуство, адвокатот проценува дека неверството е дел од околу 75 до 80 проценти од бракоразводните постапки со кои се соочил, што, според него, покажува колку често разводот и изневерувањето одат рака под рака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот