ФОТО+ВИДЕО | Подводен визуелен спектакл: Одржан натпревар за сирени во Шангај

Натпревар на сирени / Фото: Принтскрин / Јутјуб

Подводниот визуелен спектакл „Мрмејд опен“, односно Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај, Кина се одржа минатиот викенд и на него учествуваа речиси стотина спортисти од Кина, Јужна Кореја и Казахстан.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Тие презентираа неверојатни нуркачки вештини во неколку програми, а нивниот настап беше оценет во неколку категории. Натпреварот кој се одржа во базен со 7.500 кубни метри вода и речиси 50.000 риби, заврши со двајца шампиони, пишува „Шангај дејли“.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Натпреварите со сирени станаа многу популарни во Кина во последните години, а со цел да го промовира овој спорт, океанскиот парк „Хаичанг“ во Шангај планира да организира низа настани за претстојните мајски празници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот