Инстант привлечност: Еве зошто некои луѓе ни се допаѓаат на прв поглед
Истражувањата покажуваат дека е потребно помалку од една секунда по средбата со некоја личност за да одлучиме колку ни се допаѓа таа личност и дали нè привлекува или не, пишува „Јор танго“.
За некои, привлечноста се појавува по долгогодишно пријателство. Одеднаш, вашиот колега или близок пријател може да ви изгледа неверојатно привлечно, вели сексуалната терапевтка Леј Норен.
„Во други случаи, може да оди во спротивна насока, а привлечноста кон партнерот, на пример, исчезнува за да се појави повторно, исто толку неочекувано, неколку месеци подоцна“, додава таа.
„Кога станува збор за таа т.н. инстант привлечност, со која многумина од нас можат да се поистоветат, обично ја припишуваме на работи за кои сме свесни. На пример, на изгледот на една личност. Не е невообичаено да имаме ‘тип’, а тоа е она што го одредува првиот клик. Меѓутоа, во исто време се вклучени и многу други фактори, кои всушност повеќе влијаат на привлечноста отколку само на изгледот“, објаснува таа.
Блискост
Поголема е веројатноста да нѐ привлече некој што ни е географски поблизок. На пример, некој што живее во нашата област или колега на работа.
Сличност
Поголема е веројатноста да бидеме привлечени од некој кој е сличен на нас. Сепак, тоа што сме слични не гарантира долговечност на врската или колку ќе бидеме среќни заедно.
Физичка возбуда
Кога сретнуваме некого што не го познаваме и сме физички возбудени (на пример, отчукувањата на срцето се зголемуваат како резултат на адреналинот), тоа ги зголемува шансите да почувствуваме моментална привлечност.
Расположение
Ни се допаѓаат луѓето кои прават да се чувствуваме добро. Исто така, ние ги сакаме другите повеќе кога самите се чувствуваме добро, дури и ако тие не се поединци кои прават да се чувствуваме добро на почетокот.
Помал избор
Кога имаме помалку потенцијални партнери од кои можеме да избереме, ние имаме тенденција да ги гледаме присутните како попривлечни луѓе. Уште повеќе, кога тие партнери ни делува дека се понедостижни, тие стануваат попривлечни за нас, вели Леј Норен.
Изглед
Луѓето од сите родови идентитети се повеќе привлечени од луѓе за кои мислат дека се убави. Но, привлечноста што ја чувствуваме може да зависи од тоа дали другите ја доживуваат таа личност како привлечна и од контекстот во кој се наоѓаме (односно дали во истата просторија има други привлечни/помалку привлечни луѓе), објаснува терапевтката.
„Изгледот на човекот обично е поважен на почетокот на врската отколку подоцна во романтична врска“, додава таа.
Хормони и невротрансмитери
Привлечноста што ја чувствуваме е делумно одредена и од нашето сетило за мирис и она што се нарекува – феромони. Покрај тоа, повисоките нивоа на окситоцин и допамин може да го зголемат нивото на привлечност.
„Значи, како што можете да видите, има многу фактори кои влијаат на тоа дали некому ќе му бидеме привлечни или не“, заклучила терапевтката.