Виц на денот: Пикник

Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Пет војници, пет пожарникари и пет полицајци отишле на пикник во шумата. По некое време, војниците рекле:
– Ние одиме во лов на зајаци.
Отишле. Се вратиле за еден час и носат еден зајак од пет килограми. Пожарникарите и полицајците ги фатила завист. По некое време пожарникарите рекле:
– И ние одиме во лов на зајаци.
Речено-сторено. Се вратиле по два часа со насмевки на лицата и со еден голем зајак од седум килограми. Полицајците овој пат станале ептен љубоморни и решиле и тие да одат во лов.
Отишле. Ги немало еден час, два часа, три часа… Војниците и пожарникарите се загрижиле и отишле да ги бараат. По кратко време ги нашле полицајците во една падина. Фатиле една дива свиња, четворицата ја држат за по една нога, а командирот стои пред неа, ѝ удира шамари и вели:
– Признај дека си зајак! Признај дека си зајак!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот