Бесија Иљази викна еден новинар во канцеларија и изјави дека „Д-р Нико Беќаровски е доктор од времето на друже Тито“

Бесија Иљази / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Откако забрани контакт на докторите со медиумите и свикување прес-конференции денеска економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази повикала еден новинар во својата канцеларија и дала изјава во која истакнала дека „доктор Нико Беќаровски е доктор од времето на друже Тито“.

-Од страна на некои лекари кои не се повеќе од пет или шест, се испорачуваат невистини во медиумите. Во јавноста се добро познати по скандали и дезинформации и се нарекуваат доктори на Фејсбук зашто цел ден го поминуваат своето работно време на социјалните мрежи и не прават ништо. Времето на Нико Беќаровски, докторот од времето на друже Тито помина и тој не може да се помири со оваа реалност. Затоа постојано создава забуна во јавноста. Новите наредби и поредок што ги воспоставив го попречуваат него и неговиот клан кои се навикнати да работат според нивните навики, рече Иљази.

Таа додаде дека разрешениот директор доктор Данил Петровски еден ден пред таа да стане организациска директорка, си ја вработил снаата.

-Како можеше да си ја вработи снаата на 13 февруари 2024 година, ден пред моето доаѓање на функцијата, а немаше можност да го вработи биологот и 18 лица кои со години се вработени овде? Ги прекрши сите законски норми, ги држеше да работат без договори и без плати, ги тераше на дежурства и така продолжи до моето доаѓање. Сега кога го решивме нивниот проблем, тоа стана „голем проблем“, додаде Иљази.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот