Украина потврди: Дискутираме за удари со западно оружје против Русија

Претседателот Володимир Зеленски потврди дека Украина преговара со западните земји за употреба на нивното оружје за да нападне цели на руска територија. Ваквата изјава тој ја даде за време на интервју дадено за „Ројтерс“.

Сепак, Зеленски истакна дека во моментов нема позитивни движења по однос на ова прашање.

Украинскиот претседател, исто така, увери дека неговата земја до сега ги исполнила договорите за неупотреба на западно оружје за напад на воени цели на територијата на Русија.

„Не можеме да го ставиме на ризик целиот обем на оружје“, објасни Зеленски.

На прес-конференцијата по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, формат Рамштајн, во понеделник, 20 мај, секретарот за одбрана Лојд Остин изјави дека САД очекуваат Украина да не користи американско оружје за да ги нападне руските војници и објекти на територијата на Руската Федерација.

Новинарите прашаа дали Украина може да ги користи американските системи за противвоздушна одбрана за да ги собори руските авиони кои го напаѓаат Харков од територијата на Руската Федерација.

Остин одговори: „Нашите очекувања се тие да продолжат да користат обезбедено оружје на цели внатре во Украина. Воздушната динамика е малку поинаква. Но, не сакам да шпекулирам“.

Минатата недела, „The Wall Street Journal“ објави дека Украина побарала од Соединетите држави да помогнат во идентификувањето на целите во Русија за Киев да ги нападне користејќи сопствено оружје.

Исто така, земјата побарала од САД да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје обезбедено од Америка против воени цели во Русија.

Според медиумите, САД и дале на Украина тактички балистички ракети „ATACMS“ и други системи за оружје под услов Украина да не ги користи за да напаѓа цели во Русија.

Забележано е дека ова предупредување, на кое Киев се согласи е услов за добивање воена помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот