ВИДЕОИНТЕРВЈУ: Џафар Бабаеи- Скопјани уживаа на „Ден надвор од времето“
Џафар Бабаеи-автор на повеќе научни трудови и книги на вчерашниот настан „Ден надвор од времето“ пред скопската публика ги промовораше неговите книги „Вирусот на лутината и што тој им прави на нашите тела”, “Душата, раскошот измешан со телото- КИАН”, “Жените како ривали бранови од земјата”, “Суштината на судбината”,”Органско воспитување”. Покрај книгите тој ги промовираше и неговите видувања за духовноста и личниот развој, претставувајќи размислувања кои се врзани за божественото присуство и разликите на духовните патувања.
Препорачано

Промоцијата се оддржа во Куршумли Ан, организирана од страна на „Центарот за Биоинформaтика“ – Ревит и блиските пријатели на Бабаеи.
На настанот присуствуваа многу луѓе од културатa, љубители на литературата и музиката. Главните музички гости кои ја збогатија вечерта беа Џијан Емин, Magical Orchestra, Schlich и Ogi Uzun.


Џафар Бабаеи, роден во 1970 година во Техеран, Иран. Тој е автор кој од рана возраст го привлекува духовното искуство и потрагата за разбирање на невидливите сили што го формираат човековиот живот. Неговото животно патување е насочено кон истражување на длабоките значења на универзумот, што го водело низ различни учења и духовни искуства.

Проследете го целото интервју со Џафар Бабаеи!


