Непишано правило кое се повторува: Зошто многу врски завршуваат по само три месеци?

Фото: Профимедиа

Секоја врска започнува слично – со пеперутки во стомакот. Кога првпат запознаваме некого, ставаме таканаречени розови очила и гледаме се низ призмата на идеалот. Во тие први недели живееме како во облаци, но потоа, некаде околу третиот месец од врската, нашите розови очила полека почнуваат да губат боја. Во тој момент, врската што ја имаме или ќе изгледа како најдобрата работа досега или ќе бидеме малку збунети и несигурни дали е вистинската – или не, пишува „Жена“.

Велат дека се потребни точно три месеци за вистински да запознаеш личност. Но, работата е малку посложена отколку што изгледа на почетокот.

Според големото истражување, спроведено од апликацијата за запознавање „Inner Circle“, многу нови љубовни врски не траат по оваа критична точка. Дури 68 отсто од учесниците имале барем една врска која завршила по само три месеци. Причината за оваа навидум честа појава е – емоционалниот јаз.

Кој е емоционалниот јаз?

„Јазот во чувствата е реален феномен на кој постојано сме сведоци. Едниот партер ‘паѓа’ побрзо на другиот. Понекогаш ги обвинуваме (таквите партнери) за љубовно бомбардирање – покажување наклонетост што изгледа пребрзо и прерано. Но, во многу случаи, тоа не е толку злобно , објаснува експертката за врски Кристал Кансдејл.

Се работи за разликата во тоа колку време му треба на секој партнер за да сфати дали му/ѝ одговара новата врска, односно дали личноста вреди за да ѝ се посветиш или е време за раскинување.

Овој јаз најчесто се јавува во односите меѓу мажите и жените, а причината веројатно лежи во различното емоционално функционирање меѓу половите.

„Јазот во чувствата може да објасни многу. Во односите меѓу мажите и жените, на жените генерално им требаат првите неколку месеци за да проценат дали навистина им се допаѓа мажот со кој излегуваат. Тие градат чувства врз основа на истото мислење, заеднички вредности и начинот на кој нивниот партнер комуницира со другите. Мажите имаат поголема веројатност да донесат брза одлука.

Сепак, постојат начини на кои можете да го премостите овој јаз – и тоа е поврзано со вашиот стил на запознавање.

Според Кансдејл, на почетокот треба да се „игра според овие правила“:

Одете полека – гледајте се еднаш, најмногу двапати неделно. Важно е да не претерате и да си дадете време. Не е добро да брзате, а со ова темпо ќе можете навистина да го запознаете партнерот.

Бидете искрени со себе – ако не го чувствувате она што треба да го почувствувате, бидете искрени со себе и со вашиот нов партнер – не ја користете теоријата на емоционалниот јаз како изговор и не чекајте да се појават чувства кои нема да се појават.

Држете се до вашите принципи – не дозволувајте неговото/нејзиното однесување да ви го замати погледот и да влијае на тоа како ја гледате оваа врска. Запомнете што е навистина важно за вас и од што не сакате да се откажете, а што едноставно „не функционира“ за вас и држете се до тоа. Ако сите клучни состојки за добра врска се тука за вас – како хемијата, истите вредности и еднаков износ на вложување – можеби навистина имате нешто што вреди да му се даде шанса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот