Зголемено либидо кај жените: Со храна до поквалитетен сексуален живот

Фото: Pexels/Vlada Karpovich

Ако веќе некое време немате желба за сексуални односи веќе, тоа укажува на потенцијално намалување на сексуалниот нагон. Постои едноставен начин да го запрете натамошното опаѓање на либидото – со храна, пишува „Тајмс оф Индија“.

Вашите емоции, физичкото и менталното здравје се само дел од факторите кои влијаат на вашата желба за секс. Расположението можете да го подигнете со јадење одредени намирници, кои се релативно достапни.

Брокула

Ако сакате да го зголемите либидото, тогаш консумирајте брокула, која е богата со витамин Ц. Додадете ја во салата или најдете начин да ја вклучите во вашите редовни оброци – сирова, пржена, варена.

Брокулата е една од најдобрите намирници за зајакнување на либидото кај жените, но и кај мажите. Таа го зголемува протокот на крв.

Брокула / Фото: Pexels/Ron Lach

Каранфилче

Каранфилчето може да се сервира на различни начини – може да го додадете како зачин во разни јадења, но може да го приготвите и како чај.

Каранфилчето со векови се користи во Индија за машка сексуална дисфункција, а подеднакво е добро и за жените.

Едно истражување, објавено во списанието „Би-ем-си комплементари енд алтернатив медисин“, покажа дека екстрактот од каранфилче ја зголемува сексуалната активност кај машките стаорци.

Покрај тоа, каранфилчето се користи против лош здив, што дополнително ќе ве поттикне да се бакнувате.

Фото: Pexels/Miguel Á. Padriñán

Смокви

Смоквите важат за одлични засилувачи на лачењето на феромони и овошје кое позитивно влијае на плодноста.

Смоквите имаат висок процент на амино киселини, кои го поттикнуваат либидото.

Исто така, тие можат да ја зголемат машката сексуална издржливост.

Фото: Pexels/Leeloo Thefirst

Шафран

Истражувачите од Универзитетот Галф открија дека шафранот може да ја подобри сексуалната функција.

Шафранот треба да се потопи во врело млеко или вода и да се пие по 15 минути.

Фото: Pexels/Necip Duman

Јајца

Јајцата се богати со витамини Б5 и Б6. Тие поддржуваат балансирање на хормоните и намалување на стресот, кои се неопходни за здраво либидо.

Јадењето сирови кокошкини јајца непосредно пред секс може да го зголеми либидото и енергијата. Тие се нискокалорични и богати со протеини, кои се извор на физичка сила.

Тие се и добар извор на ларгинин, аминокиселина која се покажала како корисна во лекувањето на разни срцеви заболувања и еректилна дисфункција.

Фото: Pexels/Leeloo Thefirst

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот