Тестенините секогаш ви се лепат или се распаѓаат? Применете ги триковите на познатите готвачи и ќе бидат совршени, како од италијански ресторан!
Подгответе ги тестенините на овој начин и ќе добиете совршена паста, сите ќе бидат воодушевени од вашата вештина.
Препорачано
Тестенините не можат да бидат вкусни ако не сте ги зготвиле добро, ако се распаднат тогаш се премногу сварени или се лепат. Но, можете да го спречите тоа. Важно е тестенините да се сварат во доволно голем сад (тенџере) и да се внимава на следните кулинарски трикови:

1. Тестенините ставете ги во тенџерето дури кога водата ќе зоврие.
2. Добро посолете ја водата пред да ги додадете тестенините, бидејќи ако не го направите тоа, јадењето нема да биде вкусно, а подоцна тоа тешко ќе го надоместите.
3. Кога ќе ги додадете тестенините во водата, често мешајте. Почетокот на готвењето е критичното време кога тестенините најчесто се лепат.
4. Погрижете се сосот да биде готов кога тестенините ќе се сварат, за да можете веднаш да ги измешате. Стоењето на тестенините во воздух ќе направи да се залепат дури и по готвењето.
5. Ако сфатите дека сосот за тестенини нема да биде готов навреме, тогаш немојте целосно да ги цедите тестенините – ставете ги во цедалка, оставете поголем дел од водата да истече, но оставете мала количина течност, па сè заедно вратете во тенџерето во кое претходно се вареле и покријте го. Така нема да се исушат додека не ги соедините со сосот.



