Камила Кабељо призна: „Првпат водев љубов на 20 години, прекрасно беше“

Фото: Profimedia

Камила Кабељо откри дека ја изгубила невиноста кога имала 20 години, со нејзиното поранешно момче Метју Хаси.

Пејачката на мегахитот „Havana“ се присети на моментот кога го запознала експертот за запознавање на снимањето на шоуто „Тудеј“ во 2018 година.

„Всушност, јас и претходно го слушав неговиот подкаст“, ​​рече таа, мислејќи на подкастот „Love Life“ на Хаси.

Понатаму, 27-годишната пејачка изјавила дека му пришла на британскиот „коуч за љубовни проблеми“ и му признала дека е голем фан.

„Таа вечер отидовме на вечера и тоа беше мојата прва врска, иако беше доста доцна за мојата прва врска. Имав 20 години“, продолжи таа.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Кога водителот Дакс Шепард праша дали поп-ѕвездата имала сексуално искуство пред нејзината романса со Хаси, таа одговорила „не“.

„Тогаш имав секс за првпат. Водев љубов за првпат кога имав 20 или 21 година… Тоа беше буквално водење љубов. Беше прекрасно“, признала таа.

Според „Пејџ сикс“, Кабељо рекла дека е „навистина одлична личност“.

„Тоа беше совршена прва врска. Навистина ми ги прошири светот и хоризонтите бидејќи тој не беше од мојата индустрија“, раскажува таа.

Познатата пејачка сподели дека нејзиниот поранешен сега е во брак со Одри Ле Страт, со која се ожени во октомври 2023 година.

Да потсетиме дека Хаси и Кабељо раскинаа во јуни 2019 година, само неколку дена пред да биде објавен нејзиниот голем хит „Señorita“ со Шон Мендес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот