ФОТО | Бела Хадид го маѓепса Кан: Манекенката се појави во проѕирен фустан и покажа зошто е „фам фатал“

Фото: Castel Franck/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Американската манекенка Изабела Каир „Бела“ Хадид (27) синоќа беше тема број еден на Канскиот филмски фестивал.

Моделот пристигна на премиерата на филмот „Приправник“ („The Apprentice“) во кафеав проѕирен фустан од модната куќа „Сен Лоран“. Хадид го комплетираше изгледот со металик потпетици, прстени и обетки.

Таа важи за една од најубавите жени во светот и со ова издание уште еднаш покажа зошто е синоним за „фам фатал“.

Фото: Castel Franck/ABACA / Abaca Press / Profimedia
Фото: Castel Franck/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Филмот „Приправник“ се занимава со деловните потфати на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во 1970-тите и 1980-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот