Истражување: Колку долго трае просечниот секс?

Секс
Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Хари Фиш, авторот на „The New Naked: The Ultimate Sex Education for Grown-Ups“, тврди дека „43 отсто од мажите пребрзо завршуваат со сексуалниот чин“. Колку брзо? Во рок од две минути, вели тој.

Се чини дека ова се лоши вести за партнерките на овие мажи и добри вести за постхумната репутација на Алферд Кинсли, чие истражување во четириесеттите и педесеттите години на минатиот век покажа дека дури три четвртини од мажите обично ејакулираат во рок од две минути.

Фиш, додека истражувал за својата книга, открил дека кај 43 отсто од луѓето сексот трае помалку од две минути, кај 27 отсто трае од три до седум минути, кај 18 отсто трае од 7 до 15 минути, додека само 12 отсто од паровите велат дека нивниот секс, односно самата пенетрација, трае од 15 минути до неколку часа.

Секс пар љубов
Фото: Andriy Popov / Panthermedia / Profimedia

Интересно е што таквата состојба повеќе им пречи на мажите отколку на жените. За потребите на една нивна студија, Андреа Милер и Сандра Бајерс од универзитетот во Њу Бранзвик, Канада интервјуирале 152 хетеросексуални парови во 2004 година за нивното „вистинско и посакувано времетраење на предиграта и сексуалниот однос“. Анкетираните личности опфаќале широк опсег на возрасти – од 21 до 77 години, но и типови на врски – од 6-месечно партнерство до 50-годишно партнерство.

Милер и Бајерс откриле дека мажите имаат значително подолго идеално времетраење од нивните партнерки. Вистина е дека за двата пола „идеалната“ должина и на предиграта и на односот била многу поголема од вистинската должина. Но, резултатите сугерираат дека мажите се понезадоволни од оваа статус кво состојба.

Исто така, Фиш истакнува дека две минути се „пребргу за просечна жена да доживее оргазам само со вагинална пенетрација“. Добрата вест е што, според Фиш, просечното времетраење е 7,3 минути – само 4 минути помалку од „идеалното време“ за жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот