ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Хаџи Јанев: Помошта на САД за Киев е нов ветар во грб кој нема да го смени балансот на силите на терен

ФОТО: Проф. Методи Хаџи Јанев / Слободен печат

Новата американска финансиска помош за Киев ќе биде доволна за украинската армија да ги амортизира трошоците на фронтот, но не и да го смени текот на работите во војната. Главен проблем останува да бидат ресурсите на украинската војска, кои доколку не се надополнат со нова западна помош, Русија ќе биде во позиција лесно да ги продолжи своите воени аспирации, истакна професорот Методи Хаџи Јанев во неговото гостување во емисијата „Слободен печат“.

– Не се работи сега само колку пари ќе се помогне Украина, туку колку опрема може да се произведе за да се надополни воената техника и муниција на Украинците. Проблемот тука настанува околу концептот на војување. За да бидам појасен, Русија нејзината економија ја пренамени во воена уште во 2014 година. Со овој чекор Русија произведува муниција, оружје и техника која во овој момент за жал западната либерална демократија не може да и го понуди на Украина, бидејќи фабриките во Европа но и САД не се во можност да произведат толку колку на Украина и е потребно – оценува Хаџи Јанев.

Повеќе од разговорот со Методи Хаџи Јанев можете да го погледнете во видеото во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот