ФОТО | Раста итно мора на операција, објави фотографија од болница: На безобразните посакувам истото да им се случи

Стефан Ѓуриќ Раста / Фото: Принтскрин / Јутјуб / Инстаграм

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ Раста итно е хоспитализиран поради неподносливи болки, а сега откри дека денеска оди на операција.

Имено, Раста се огласи на Инстаграм со фотографија од болница и им се заблагодари на сите кои се со него во тешките моменти низ кои поминува.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош, за жал, понекогаш дури во вакви ситуации човек сфаќа кого има покрај себе, а јас ги имам најпрекрасните луѓе и ви благодарам за тоа. Денеска одам на операција, се надевам на брзо закрепнување и дружење, на досега закажаните места. На оние кои се безобразни и без разбирање им го посакувам истото што ми се случи и не дај Боже никогаш да не присуствуваат на мојот настап затоа што тоа не е моја публика, сите други ве сака Раста – порачал раперот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, цело време со него е неговата девојка која го поддржува, а таа објави и селфи од болница.

Да потсетиме, Стефан Ѓуриќ Раста неодамна беше на Јамајка со својата девојка Марија.

ФОТО | Итно хоспитализиран Стефан Ѓуриќ – Раста: Српскиот рапер се огласи од болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот