Седум сексуални грешки: Работи кои не треба да ги практикувате ако сакате да имате добар сексуален живот

Фото: Jacob Lund / Alamy / Alamy / Profimedia

Онлајн платформата за сексуално образование „Бедукејтед“ ги откри „седумте смртоносни сексуални грешки“ кои многу парови ги прават во кревет.

Нивната листа се надоврзува на неодамнешното истражување на „Декодинг дисајр“ речиси 2.000 испитаници, според кое 60 отсто од мажите и жените се незадоволни од својот сексуален живот, пишува „Дејли стар“.

Истражувањето укажа на голем број фактори кои резултираат со сексуално незадоволство, од недостаток на комуникација, недоволно знаење за сексуалното здравје и задоволство до различни заблуди поврзани со сексуалноста.

Недостаток на комуникација

Дури 95 отсто од испитаниците како проблем го навеле недостатокот на комуникација поврзана со желбите, потребите и границите во сексот.

Желба за повеќе секс

Многу луѓе често сакаат да имаат повеќе секс. Сепак, податоците од истражувањето откриваат дека повеќе секс не е услов за среќен сексуален живот.

Рутина

Истражувањето покажало дека 50 отсто од учесниците би сакале да пробаат нешто ново во спалната соба, со експериментирање и нови љубовни техники.

Глумење оргазам

Две од три жени признале дека глумиле оргазам за да не го повредат егото на партнерот. Ова покажува дека сексот додека едната страна не достигне кулминација може да биде контрапродуктивен.

Недоволна грижа за себе

Дури 61 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека стресот директно влијае на нивниот сексуален живот. Практикувањето ментална и физичка грижа за себе, заедно со поголема физичка активност и вежбање, може да го зголеми сексуалното задоволство, желбата и самодовербата.

Нееднаквост

Една од четири жени има ниско или никакво либидо, што е речиси двојно повеќе од мажите. Грижата за секојдневниот стрес на вашиот партнер и одвојувањето повеќе време за истражување на заедничките интимни моменти може да помогне да се балансира оваа нерамнотежа.

Недоволна едукација

Образованите студенти имале 67 отсто поголеми шанси да бидат задоволни од својот сексуален живот отколку општиот просек. Ова покажува дека сексуалното образование треба да се третира како процес на доживотно учење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот