ФОТО | Во пресрет на Велигден, полициската асоцијација ги посети највозрасните на Геријатрија

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, Интернационалната полициска асоцијација регион Охрид го посети геријатриското одделение при Општата болница во Охрид.

 

23 повозрасни лица кои тука престојуваат и се лекуваат, не пречекаа со насмевка на лицето и ни пуштија рака во знак на добродојде. Ним, од срце им го честитавме Велигден, ги прашавме како се, како се чувствуваат, како го поминуваат денот, им посакавме добро закрепнување, добро здравје и среќни моменти, вели претседателот на Интернационалната полициска асоцијација Стефан Димовски.

 

Честитки за Велигден упативме и до целиот тим на одделението, предводен од доктор Соња, им посакавме добро здравје и им искажавме почит за нивната посветеност во зачувувањето на здравјето на луѓето за кои се грижат. Нашите дедовци и баби, нашите повозрасни предци, ја заслужуваат целата љубов и почит на овој свет. Тие беа и се, нашиот столб. Тие се вградија себе си во нас, во нашиот развој и во напредокот на Македонија, додава тој.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот