Килограм јагнешко за Велигден достигна 600 денари

Фото: Instagram

Граѓаните утре ќе ја постават Велигденската трпеза поскромно отколку лани, судејќи според цените. Килограм јагнешко месо чини 600 денари, цената на јајцата е од 7 до 10 денари, пиперките се искачија и до 200 денари од килограм, а краставиците се 120 денари за килограм. Доматите достигнуваат и до 180 денари за килограм. Килограм пилешко месо се движи меѓу 450 и 500 денари. Граѓаните веќе со месеци се борат со инфлацијата и поскапувањето на живеачката, особено на храната. Трошоците за живот во март годинава споредено со март минатата година се зголемени за 4 проценти. Најголем е растот на цените на овошјето и на зеленчукот.

Во пресрет на Велигден денеска се прават последните пазарења. Пазарите се полни а има гужва и во маркетите.

Од Асоцијацијата на земјоделци велат дека цената на јагнешкото и свинското месо не е зголемена за Велигден.

Месо има, и свинско и јагнешко, цената е иста. Јагнешко месо е од 230 до 280 денари за килограм но таа цена не може да биде крајната бидејќи јагнешкото дава 55 проценти рандаван. Кога ќе се додадат кланичните услуги цената е од 600 до 700 денари, вели Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот