Иранскиот рапер Томај Салехи осуден на смрт поради протест

Дисидентскиот рапер Тоомај Салехи е осуден на смртна казна поради неговата вмешаност во широко распространетите протести што го зафатија Иран во 2022 година, изјави неговиот адвокат.

„Издадена е наредба за егзекуција на Томај Салехи“, напиша на Твитер адвокатот на Салехи, Амир Раесјан, пренесува „CNN“.

Раперот е приведен, држен во самица и наводно бил мачен по апсењето.

Во потег без преседан, судот во Исфахан ја промени одлуката на повисокиот Врховен суд за случајот на Салех во вторникот, потврдувајќи ја првичната пресуда и изрече максимална смртна казна, според иранските прореформски медиуми „Шарг“ и „Ентекхаб“.

Државните медиуми објавија дека казната на Салехи ќе биде предмет на намалување од комисијата за помилување доколку тој повторно поднесе жалба.

Салехи (32), кој го критикуваше иранскиот режим и отворено зборуваше против владата во рап стихови и на социјалните мрежи, накратко беше ослободен од затвор минатата година пред полицијата насилно повторно да го уапси и да го испрати во затвор во Исфахан.

Тој беше повторно уапсен откако се појави на видео каде што откри дека бил мачен и ставен во самица 252 дена по неговото апсење во октомври 2022 година, велат експертите на ОН во соопштението објавено од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот